Фудбалерот на Барселона, Иниго Мартинез, вели дека сите треба да му помагаат на Ламин Јамал, за да го покаже вистинскиот квалитет.
„Знаеме каков потенцијал има Ламин. Нема потреба да се брзаат работите. За толку краток период тој го покажа својот талент и мораме да му помогнеме“ – вели Мартинез.
„Во светот на фудбалот можеш лесно да се препуштиш на разни искушенија. Тој е тип со глава на рамена и знае што сака, има самодоверба“ – изјави дефанзивецот на Каталонците.