Тренерот на Наполи, Антонио Конте, пред мечот со Емполи во текот на викендот, вели дека сите фудбалери се максимално насочени да оставарат нова победа и да го задржат лидерското место.
„Поминаа само седум кола а гледате каква е ситуацијата на табелата. Има многу екипи во самиот врв и сите имаат квалитет да се борат за титулата“ – вели Конте.
„Отсекогаш сум велел дека за да изградите силни состави кои се секогаш на врвот, треба да имате по двајца стартери на секоја позиција“ – нагласи Конте.