Првиот човек на стручниот штаб на Милан, Паоло Фонсека, вели дека ќе биде тешко да се освојат бодови на утрешниот меч против Удинезе во новото коло во Серија „А“.
„Знам дека секогаш имаме големи потешкотии да победиме на домашен терен против Удинезе. Тоа е добар тим кој главно игра многу агресивен фудбал“ – нагласи Фонсека.
„Немавме многу играчи за тренирање, ја искористивме можноста да ги вклучиме и младите од вториот тим за да се приклучат на тренингот. Тие што беа со репрезентациите дури вчера се вратија“ – нагласи Фонсека.