Предводникот на Барселона – Ханзи Флик, потврди дека играчот од средниот ред Гави ќе се врати во игра за неговата екипа. Ова ќе се случи на неделната пресметка на Каталонците против Севиља. Играчот кој потекнува пд школата на Барселона речиси една година се опоравува од повреда, но сега јасно може да биде достапен за тренерот Флик.
„Да, Гави утре ќе се врати во тимот против Севиља. Тој е достапен“, рече Флик.
„Дани Олмо и Фермин исто така ќе се вратат утре, најверојатно сите ќе бидат на клупата“, додаде тој.
„Френки де Јонг е подготвен, може да започне…исто и Ламин е добро. Јамал се опорави, тој е добро, можеме да потврдиме дека е достапен. Благодарност до Луис де ла Фуенте што го одмори Ламин во вториот натпревар на Шпанија во Лигата на нации“, додаде германскиот тренер.
„Нема причина за промена. Во спротивно, Пења ќе стартува на голот. Можам да ви кажам и дека планот е Игнаси Пења да започне следната недела против Баерн. Среќен сум и со Војчех Шчесни, но сега нема причина да менувам“, изјави Флик.