Лука Модриќ продолжува да руши рекорди. Хрватот на мечот со Селта го собори рекордот на легендата Ференц Пушкаш од пред 58 години како најстар играч кој настапувал за Реал Мадрид.
Во мај 1966 година, Пушкаш играше во четвртфиналето на Копа дел Реј против Бетис на 39 години и 37 дена, а синоќа Модриќ забележа настап на 39 години и 40 дена. Хрватот влезе како замена, а асистираше за победничкиот гол на Винисиус Жуниор три минути по влегувањето.
„Кога противникот израмни, замените му даваа сила на нашиот тим. Лука секогаш му помага на тимот. Тој има неверојатна класа и е многу важен за нас. Освен што е фантастичен фудбалер, тој е и неверојатен професионалец. Тоа е благослов за Реал Мадрид да го има во своите редови“, изјави Анчелоти.
За Модриќ натпреварот против Селта Виго беше под број 547 за Реал Мадрид, со што се најде на второто место на листата на странци со најмногу натпревари за кралскиот клуб. Тој го надмина Бразилецот Марсело, кој со во дресот на Реал има одиграно 546 натпревари. Лидер е францускиот напаѓач Карим Бензема, кој за Реал има 648 натпревари. Во топ 5 се и Роберто Карлос (527) и Тони Крос (465).
Модриќ е и рекордер на Реал за најмногу освоени трофеи (27), вклучувајќи шест европски и четири во Ла Лига и два во Кралскиот куп.

