Иако ја оствари 10-тата победа во 11-тиот натпревар откако дојде на клупата на англискиот гигант, Арне Слот по вчерашното дерби со Челзи истакна дека е незадоволен од судењето.
„Многу натпревари беа тешки, но овој е можеби најтешкиот поради огромниот број на квалитетни играчи кои ги имаат и структурата. Моравме да се бориме напорно за да ги победиме. Имаше неколку одлуки кои според мене не ни одеа во прилог, најлошото беше пред паузата со тој поништен пенал. Со 2:0 ќе беше многу поинаку.

