Менаџерот на фудбалерите на Челзи, Енцо Мареска, не сакаше да ги коментира судиските одлуки на вчерашното дерби со Ливерпул посебно кај победничкиот гол на домаќините. Неговиот тим на гостувањето кај „црвените“ загуби со 2 спрема1.
„Единственото нешто што го слушнав беа извиците од трибините. Можам само да кажам дека судијата е на теренот да носи одлуки. Понекогаш се добри, понекогаш не. Понекогаш има грешки но, генерално мислам дека судиите добро ја завршија работата“ – изјави Мареска.
„Мислам дека одигравме добар меч. Ќе мора да промениме одредени работи посебно кога противникот ја има топката“ – вели Мареска.

