Крилниот напаѓач на бразилската репрезентација и Реал Мадрид, Родриго заработи повреда на тетивата на натпреварот од 3. коло од групната фаза на Лигата на шампионите со Борусија Дортмунд. Бразилецот ќе го пропушти натпреварот од 11. коло на Ла Лига со Барселона, пренесува шпанското онлајн издание „Релево“.
Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Барселона ќе се одигра на 26 октомври на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид со почеток во 21 часот.
Барселона е лидер во шпанското првенство со освоени 27 бодови од 10 натпревари. Реал Мадрид е на второто место со 24 бодови.

