Тренерот на Интер, Симоне Инзаги зборуваше пред натпреварот на „нероаѕурите“ против тимот на Јанг Бојс во 3. коло од групната фаза на Лигата на шампионите.
Една од главните теми на прес-конференцијата беше теренот на кој ќе се игра натпреварот, бидејќи на стадионот на Швајцарците има вештачка трева.
„Ќе морам внимателно да го проценам теренот. Вештачкиот терен многу се разликува од природниот, затоа и дојдовме порано да тренираме овде“, изјави Инзаги.
Италијанскиот стручњак проговори и за состојбата на Јанг Бојс, која не е најдобра и тимот е на 10. место од 12 во швајцарската Супер лига.
„Минатата година станаа шампиони, но сега имаат внатрешни проблеми. Сепак, тие се тим кој игра многу физички фудбал и има големо искуство на европските турнири. Не можеме да ги потцениме“, изјави Инзаги.

