Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар, со двата гола на Дианеси го победи Тиквеш со 2-0 во осминафиналето на Купот на Македонија и потврди дека оваа сезона Купот ќе има нов освојувач.
Со 2-0 победија и Брера против Беса и Струга Трим Лум против Македонија Ѓорче Петров, а изненади второлигашот Арсими кој во Гостивар со 3-1 ја исфрли Воска Спорт.
Силекс на пенали го совлада Шкупи со 4-3, откако средбата во регуларниот дел заврши 0-0. Со минимални победи од 1-0 понатаму одат тетовска Шкендија која го победи истоимениот тим од Арачиново, Гостивар на кој еден гол му беше доволен против Брегалница, и Пелистер против Детонит Плачковица.

