Ѕвездата на вечерта на натпреварот меѓу Барселона и Баерн (М), Бразилецот Рафиња победата над германскиот гигант ја нарече одмазда.
Каталонскиот клуб го победи Баерн со 4:1 во натпреварот од третото коло на Лигата на шампионите.
Победата стигна откако Барселона во минатото неколку пати губеше од Баерн, а имаше и еден историски пораз од 8:2 во 2020 година.
„Мислам дека ова беше одмазда за навивачите. Ние фудбалерите не гледаме во минатото. Фокусирани сме на следниот натпревар. Но, како навивач исто така бев загрижен за овие натпревари“, изјави крилниот напаѓач на Барселона.

