Фудбалерот на Арсенал, Александар Зинченко, се потсети на моментот кога на еден тренинг му изреагирал на менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, додека настапуваше за „граѓаните“.
„Реков гласно: „Господине! Само направив едно погрешно додавање. Неговата реакција беше неверојатна. Тој рече: „О, во ред, извинете, извинете, господине Зинченко, извинете. Во ред момци, благодарам“. И отиде во соблекувалната.
Веднаш знаев дека погрешив, затоа подоцна по мечот му се извинив, откри Зиченко што му се случило на еден од тренинзите на стадионот- „Етихад“.

