Тренерот на фудбалерите на Рома, Иван Јуриќ, призна дека неговиот тим нема победнички менталитет со оглед на резултатите од почетокот на сезоната. Римјаните се дури на десеттото место во Серија „А“.
„Мислам дека одигравме добро на последниот натпревар против Интер но, ни недостига победнички менталитет. Треба да се промениме“ – вели Јуриќ.
„Не треба да правиме грешки како на мечот со Монца. На тренинзите добивате победнички менталитет. Ќе мора да работиме на тоа поле“ – вели тренерот на „римската волчица“.

