Фудбалскиот клуб Наполи се реши фотограњирањето за сезоната 24/25 да го направи во соработка со АНМ, главниот снабдувач на јавниот превоз во Неапол.
„Продолжуваме да ја развиваме уметничката убавина на нашиот град како дел од проектот „Горди да бидеме Неапол“. Овој пат планираме да го привлечеме вниманието на целиот свет кон големиот проект „Art Station“.
Наполи сака да биде обединет со сите доблести на градот и им благодариме на Наполи и АНМ за лансирањето на соработката што има за цел да го информира светот за иновативните проекти што ја одбележуваат неаполската ренесанса“, рече директорот за меѓународен развој на Неапол, Томазо Бјанкини.
„Горди сме што станицата Чиаја на линијата 6 беше избрана за оваа фотографија, симбол на единството со градот“, рече извршниот директор на АНМ Франческо Фаво.

