Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо даде своја анализа за настапот на тимот во натпреварот од 3. коло од групната фаза на Лига Европа со Манчестер Јунајтед (1:1).
„Знам дека англиските медиуми ќе кажат дека Манчестер Јунајтед не играше многу добро, но мислам дека би било фер да се каже дека одигравме извонреден натпревар и бевме подобри од нив. Ова е добар резултат за Манчестер Јунајтед. Тие освоија бод против нас, а не ние против нив. Игравме неверојатно“, изјави Мурињо за „Би-Би-Си“.
Манчестер Јунајтед моментално се наоѓа на 22. место на табелата во Лига Европа со три бода. Фенербаче е на 14. место со пет бода.

