Поранешниот напаѓач на колумбиската репрезентација и шкотски Ренџерс Алфредо Морелос предизвика скандал во својата татковина.
Според информациите кои се појавија денеска, Морелос доживеал сообраќајна несреќа, во која со автомобилот удрил мотоциклист на пат кон аеродромот во Меделин.
Алфредо возел пијан. Во крвта му е пронајдено високо присуство на алкохол, што се смета за неверојатно високо ниво и може да доведе до смрт на самиот фудбалер.
Што се однесува до мотоциклистот, медицинските лица успеаја да го хоспитализираат и тој моментално се бори за живот во болница.

