Во организација на Спортското радио 90.3 фм в понеделник по 32. пат стартува „Турнирот на медиумите во мал фудбал“. Едно од најстарите спортско-забавни случувања во градот и државата, ја продолжува традицијата и оваа година.
В понеделник пред ТЦ „Бисер“ во населбата Аеродром ќе биде поставен голем монтажен терен за мал фудбал „3х3“ на кој своите фудбалски квалитети ќе ги покажат дел од вработените во шест РТВ медиуми од Македонија кои и годинава ќе се натпреваруваат за признанието „најдобар“ на фудбалскиот турнир.
Во рамките на манифестацијата и оваа година ќе има гости од соседните земји, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина, кои заедно со нашите легенди, естрадни уметници, јавни личности… ќе се натпреваруваат на турнир во мал фудбал “3х3“. Турнирот ќе трае два дена (понеделник и вторник) и на сите оние кои во текот на денот ќе бидат во ТЦ „Бисер“ или во неговата околина, ќе можат да уживаат во еден навистина несекојдневен настан, кој ќе биде збогатен и со повеќе ревијални средби во повеќе категории.
Дојдете, гледајте фудбал „3х3“ и уживајте со сите гости на Спортското радио 90.3 фм.

