Фудбалскиот меч меѓу Болоња и Милан кој требаше да се одигра утре е одложен поради поплавите во регионот Емилија Ромања, потврдија денеска челниците на „Серија „А“.
Одлуката доаѓа откако градоначалникот на Болоња објави дека стадионот – „Ренато Дел’Ара“ не може да биде домаќин поради поплавите во градот иако тој не беше оштетен.
„Ова е необјаснива одлука. Градоначалникот на градот не дозволи натпреварот да се одигра без публика“ – вели претседателот на Милан, Паоло Скарони. Од домашниот тим, пак, се согласуваат со одлуката мечот да биде пролонгиран за друг термин.

