Роберто Манчини кој деновиве го напушти кормилото на Саудиска Арабија, ги објасни причините за неговото предвремено раскинување на соработката.
„Многу работи се променија со зголемувањето на бројот на странци во тамошното првенство. Локалните играчи добива помалку шанси а во такви услови не можам да гарантирам пласман на Светското првенство“ – рече Италијанецот.
Прекинот на соработката доаѓа откако Саудиска Арабија беше елиминирана во осминафиналето во Купот на Азија.