Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека не знае кога повредениот играч од средниот ред на Сити, Кевин Де Бруин ќе се врати на терените.
Да потсетиме, Де Бруин на натпреварот со Интер во Лигата на шампионите на 18 септември претрпе оштетување на мускулот, а играчот оттогаш не е на теренот.
„Би сакал да ви кажам и би сакал да се знам за себе, но не знам кога ќе се врати. Кевин се чувствува добро на тренинзите, но сепак го боли кога ја удира топката. Де Бруин во моментов не е во состојба за да го покаже својот квалитет. Тој се чувствува подобро, но сè уште не е доволно добро“, изјави Гвардиола на официјалната веб-страница на Манчестер Сити.
