Екипата на Арсенал ја оправда фаворитската улога на теренот на Престон и со победа од 3-0 влезе во наредното коло во „Карабао“ Купот на Англија. Головите за „топчиите“ ги постигнаа Габриел Жесус, Итан Нванери и Каи Хаверц.
Тимот од Лондон во наредната рудна ќе излезе на мегдан со Кристал Палас кој успеа да ја победи екипата на Астон Вила. Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, вели дека се оди според планот.
„Победивме и се пласиравме во четвртфиналето. Имавме повеќе прилики и дадовме неверојатни голови. Излеговме со искусни и млади играчи од кои неколку дебитираа“ – вели Артета.

