Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, се соочува со големи проблеми во ростерот откако Аканџи, Рубен Дијаз и Савињо, се соочуваат со повреди.
„Имаме само 13 здрави фудбалери, тоа е навистина огромен проблем. Во девет години колку што сум тука, никогаш не сум се нашол во ваква ситуација“ – изјави Шпанецот.
Познато е дека во амбулантата на „граѓаните“ се и Родри (ја заврши сезоната), Кајл Вокер, Кевин де Бруин, Оскар Боб, Џереми Доку и Џек Грилиш. Дел од нив ќе се вратат на терените дури на крајот на наредниот месец.