Голманот на Мајнц, Робин Зентер, го обвини голгетерот на Баерн (Минхен), Хари Кејн, дека намерно го удрил на вчерашниот меч во Купот на Германија.
Инцидентот се случи во 15. минута кога Англичанецот во обид да дојде до топката го удри во глава голманот на домаќините.
„Кејн рано увиде дека нема да може да дојде до топката и можеше да остане на страна“ – рече Зентнер кој по лекарската интервенција остана на теренот.