Шпанската фудбалска федерација соопшти дека сите натпревари во регионот на Валенсија закажани за овој викенд се одложени поради поплавите во областа, во кои загинаа најмалку 95 лица, а десетици други се водат како исчезнати.
Меѓу натпреварите кои нема да се одржат е и гостувањето на шампионот Реал Мадрид кај Валенсија, кое требаше да се одигра во сабота на 2 ноември во 21 часот. Одложено е и гостувањето на Виљареал кај Рајо Ваљекано, кое исто така требаше да се одржи во сабота. Откажани се и три натпревари од втората лига.
Поради поплавите не се одиграа натпреварите меѓу Валенсија и Леванте во Копа дел Реј.
Сите натпревари викендов во Шпанија ќе започнат со едноминутно молчење во спомен на жртвите од поплавите, соопшти Шпанската фудбалска федерација

