Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Реал Мадрид добива сериозна конкренција за потписот на Александар-Арнолд
    Фудбал

    Реал Мадрид добива сериозна конкренција за потписот на Александар-Арнолд

    risteBy riste01/11/2024No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Шпанскиот Реал Мадрид ќе има многу силна конкуренција во обидот да го привлече дефанзивецот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд.

    Според информациите на шпанското издание „Спорт“, францускиот гигант Пари Сен Жермен по завршувањето на сезоната ќе наддава за англискиот интернационалец.

    Како што е познато, договорот на Арнолд со Ливерпул истекува на крајот од актуелната сезона, а во моментов дефанзивецот одбива да започне преговори за негово обновување со „црвените“.

    Блиски извори до Реал тврдат дека токму англискиот интернационалец ќе биде приоритетна мета на „кралевите“ на лето.

    Доколку Ливерпул не успее да го задржи Трент Александер-Арнолд, тогаш неговиот трансфер од Енфилд ќе биде бесплатен, тоа не значи дека клубот кој го привлече нема да мора да плати сериозна сума на пари.

    Се очекува дефанзивецот да добие солиден личен бонус, кој ќе има главна улога во неговиот избор за нов клуб. Секако, од големо значење ќе бидат и личните услови и параметри на самиот договор. Во Англија, пак, тврдат дека лична желба на ѕвездата на Ливерпул во моментов е да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“, каде со Реал Мадрид ќе има можност да се бори за титули и трофеи на сите фронтови.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.