Привремениот тренер на Манчестер Јунајтед, Руд ван Нистелрој зборуваше за натпреварот од 10. коло од англиската Премиер лига со лондонски Челзи (1:1).
„Генерално, тоа беше многу добар натпревар. Играчите навистина добро се бореа на секоја педа од теренот. Беше многу убаво да се гледа. Со оглед на сите шанси што ги создадовме, можевме да постигнеме уште еден гол и да го добиеме натпреварот. Штета е што не можевме да го направиме тоа. Генерално, малку сум разочаран што не победивме. Ова беше емотивен натпревар, речиси цела недела со толку многу случувања. Мојата работа беше да одржувам рамнотежа во тимот. Дојдов тука да му помогнам на клубот во секој својство. По овие два натпревари се надевам дека се ќе ни излезе во пресрет.
Посебно е чувството да се вратиш во овој град и клуб. Навистина уживам во секоја минута. Се трудам да ја споделам културата на клубот, градот и навивачите. Ова е најважниот дел. Мило ми е што можам да ги споделам овие моменти и да им помогнам на играчите да го разберат духот на тимот“, изјави Руд ван Нистелрој за Би-Би-Си.

