Тренерот на Реал Мадрид – Карло Анчелоти не сака да го ризикува здравјето на првиот голман Тибо Куртоа на следните натпревари, што ќе го принуди да му ја даде довербата на резервниот чувар на голот Андриј Лунин на натпреварот против Милан во 4. коло во групната фаза на Лигата на шампионите, тврди Дефенса Централ.
Според шпанското издание, белгискиот голман прави максимални напори да се опорави навреме за следниот натпревар и веќе се вратил на тренинзите со тимот, но клубот не сака да го изложи на ризик.
Карло Анчелоти истакна дека е подобро голманот да ги пропушти претстојните натпревари против Милан и Осасуна и да не прават ризик за да му се повтори повредата. Тој го советуваше својот играч целосно да се опорави и да биде во стартниот состав по паузата за последната фаза од групната фаза на Лигата на шампионите. Ова е од суштинско значење за Белгиецот, кој пропушти голем дел од последната сезона 2023/2024 поради долг третман на повреда.

