Лошите резултати во ФК Вардар донесоа нову потреси и промени. Вардар ќе добие нов, четврти тренер оваа сезона, откако утрово клубот објави дека ја прекинува соработката со Срѓан Захариевски.
51-годишниот тренер го водеше Вардар на девет натпревари во шампионатот и забележа една победа, против Тиквеш во Кавадарци.
„Захариевски не е повеќе тренер на Вардар. По вчерашниот пораз од Пелистер, двете страни спогодбено ја прекинаа соработката. За личности како Захариевски вратите во Вардар секогаш ќе бидат отворени“, информираат од Вардар.
Срѓан Захариевски беше третиот тренер кој сезонава ја водеше екипата, после Горазд Михаилов и Горан Петрески.
Вардар во моментов е на последната позиција на табелата во ПМФЛ со само осум бода од тринаесет одиграни натпревари. В сабота во 14. коло на Арената „Тодор Проески“, новиот требер ќе има голем предизвик, на Вардар му гостува Шкупи.

