Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»ОФИЦИЈАЛНО: Гоце Седлоски е нов тренер на ФК Вардар
    Фудбал

    ОФИЦИЈАЛНО: Гоце Седлоски е нов тренер на ФК Вардар

    risteBy riste05/11/2024No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Откако пред 24 часа ја објавија разделбата со Срѓан Захариевски, фудбалскиот клуб Вардар веднаш го назначи новиот предводник на првиот тим. 

    Се работи за добро познато име во домашниот фудбал, Гоце Седлоски кој вторпат во кариерата ќе го води Вардар, а претходно беше и спортски директор. 50-годишниот Седлоски ќе биде четвртиот тренер на Вардар во тековната сезона, па останува да се види како ќе се снајде. 

    Информацијата за ангажманот на Седлоски клубот ја објави на својот профил на социјалната мрежа „Х“ поранешен „Твитер“. 

    „АД ФК Вардар го назначи Гоце Седлоски за нов Шеф на стручниот штаб на клубот“, стои во објавата.

    Во својата тренерска кариера Гоце Седлоски работеше како асистент и привремен селектор на Македонија, го водеше Хоризонт Турново, Вардар во периодот од 2015 до 2017 година, Рига, Широки Бријег, вториот тим на Динамо Загреб, Шкупи, Влазниа и Работнички. 

    Второто деби на клупата на Вардар ќе го има в сабота против екипата на Шкупи.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.