Потпретседателот на Фудбалската федерација на Ерменија, Армен Никхосјан, изјави дека легендата на Реал Мадрид, Раул Гонзалес, може да седне на кормилото на репрезентацијата.
Поранешниот фудбалер од Шпанија е опција да го замени Александар Петраков, кој беше отпуштен во октомври. Во исто време и екипата на Шалке 04 за која на времето играше Раул, сака да го ангажира за нов тренер .
47-годишниот поранешен напаѓач сега работи со вториот состав на Реал Мадрид но, има желба да ја промени средината.