Англиските медиуми ја објавија листата на фудбалери што имаат најголеми примања во Премиер лигата.
Во топ 10 сосема очекувано најмногу играчи има актуелниот шампион на Англија Манчестер Сити. Листата ја предводат Де Бруин (Манчестер Сити) – 24,79 милиони евра и Ерлинг Халанд (Манчестер Сити) – 23,24.
На истата се ставени и Касемиро (Манчестер Јунајтед) – 21,69, Салах (Ливерпул) – 21,69, Стерлинг (Челзи/Арсенал) – 20,14, Бернардо Силва (Манчестер Сити) – 18,59, Џек Грилиш (Манчестер Сити) – 18,59 милиони Рашфорд (Манчестер Јунајтед) – 18,59, Хаверц (Арсенал) – 17,35 и Габриел Жесус (Арсенал) – 16,42 милиони евра.