Португалскиот стратег на клупата на Фенербахче, Жозе Мурињо е казнет по мечот со Трабзонспор. Мурињо ја критикуваше арбитражата на мечот, а воедно рече дека немаше да дојде во Турција доколку знаеше што се случува таму.
Поради тоа, Португалецот е дисквалификуван од дисциплинската комисија на еден натпревар и казнет со парична казна од 24 илјади евра.
Дисциплинската комисија ја оправда оваа одлука со тоа што изјавите на Мурињо „не се во согласност со спортските принципи и спортската етика и го нарушуваат угледот на Турската фудбалска федерација“.