Преговорите меѓу Ливерпул и десниот бек Трент Александер-Арнолд за продолжување на неговиот договор, кој завршува во летото 2025 година, се заглавени. Ова го пренесува „Сан“.
Според изворот, англискиот клуб не сака значително да ја зголеми платата на 26-годишниот фудбалер и да го направи поскапо платен тимски играч од напаѓачот Мохамед Салах и централниот дефанзивец Вирџил ван Дајк, со кои исто така се преговара за продолжување на нивните договори со клубот.
Претходно беше објавено дека Реал Мадрид и ПСЖ покажуваат интерес за Александар-Арнолд, но фудбалерот се уште нема донесено конечна одлука за својата иднина.

