Фудбалерите на Барселона загубија со 0:1 од Реал Сосиедад, а објаснувањето е едноставно – избраниците на Ханзи Флик не упатија ниту еден прецизен удар кон противничкиот гол.
Ова не им се случило на Каталонците во Ла Лига повеќе од 10 години. Така Барса го повтори антирекордот од септември 2014 година против Малага (0:0).
Против Реал Сосиедад фудбалерите на каталонскиот гигант упатија 11 удари кон противничкиот гол, но ниту еден не беше кон голот. Во 13. минута голот на Роберт Леандовски беше поништен поради офсајд.

