Германскиот напаѓач Денис Ундав е изоставен од националниот тим за претстојните два натпревари во Лигата на нации и на негово место дојде крилото на Баерн Минхен, Лерој Сане, објави Германскиот фудбалски сојуз.
Ундав од Штутгарт го пропушти вчерашниот домашен дуел во Бундеслигата со Ајнтрахт Франкфурт, но германскиот селектор Јулијан Нагелсман се надеваше дека ќе може да се опорави од повредата на мускулот навреме за да се приклучи на својата репрезентација против Босна и Херцеговина следната сабота и против Унгарија три дена подоцна.
Наместо Дениз Ундав, Сане беше повикан во Германија за прв пат по Европското првенство.
Поради неговите постојани фитнес проблеми, Нагелсман изјави дека на крилниот напаѓач му треба повеќе тренинзи со Баерн, но проблемите на Ундав ја отворија можноста за Лерој Сане.
Германија веќе обезбеди пласман во четврт-финалето на Лигата на нации во март.

