Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед – Рубен Аморим денеска нема да може да започне со работа. Кога Аморим беше потврден за тренер на „црвените ѓаволи“ беше најавено дека ќе биде претставен на 11 ноември.
Меѓутоа, според различни извештаи во Англија, Рубен Аморим сè уште нема добиено работна виза од органите за труд на островот. Секако, станува збор за бирократски случај, кој се очекува од „Олд Трафорд“ да го решат што е можно поскоро.
Добрата вест за раководството на Јунајтед е што нема да има натпревари во Премиер лигата во следните две недели поради паузата на репрезентацијата.

