Тренерот на Арсенал, Микел Артета остана разочаран од ремито 1:1 со Челзи. Според шпанскиот стручњак, неговиот тим ги заслужил трите бода во лондонското дерби.
„Во моментов не можеме да направиме ништо конкретно за нашата позиција на табелата. Ни требаат победи, победи, победи. Мора да научиме да покажуваме заби во тешки времиња. Разочарувањето што не ги освоивме трите бода е големо. Веројатно ќе биде уште поголем откако ќе ја погледнам снимката од натпреварот. Мислам дека доминиравме и бевме подобриот тим во повеќето ситуации во играта. Беше разочарувачки начинот на кој примивме гол. Беше толку лошо. Ова не ги задоволува нашите стандарди и не можам да го прифатам. Сепак, реакцијата на тимот беше одлична“, прокоментира Артета по завршувањето на мечот со Челзи.

