Раководството на Барселона продолжува напорно да бара замена за Роберт Левандовски. Каталонскиот клуб бара замена за напаѓачот кој следното лето ќе наполни 37 години, пишува „Диарио Спорт“.
Приоритетна опција е трансферот на Ерлинг Халанд од Манчестер Сити, но тоа е малку веројатно поради тешката финансиска ситуација во клубот. Токму поради оваа причина, тимот размислува за други опции, далеку поевтини играчи.
Како алтернативни кандидати се сметаат Виктор Ѓокереш од Спортинг Лисабон и Омар Мармуш од Ајнтрахт Франкфурт.
Во последниот споменат играч, скаутите на Барса гледаат сестран играч способен да игра на три напаѓачки позиции. Во тековната сезона во Бундеслигата, 25-годишниот играч од Египет одигра 10 натпревари на кои постигна 11 голови и 7 асистенции.