Селекторот на Летонија, Паоло Николато, пред утрешниот дуел со Македонија во Скопје најави агресивно ниво на игра на својата репрезентација и обид да се направи изненадување.
„Македонија е одличен тим, но ние мора да ја играме нашата игра, да се потрудиме да ја наметнеме нашата филозофија, и секако да се обидеме да извлечеме максимум. Барам од моите играчи агресивност на високо ниво, барам правилен пристап. Ние сме пласирани 80% но сепак, сеуште не е готово. Македонија е добар тим, но ние сме задоволни како одигравме на тие дуели иако загубивме. Сакаме да се натпреваруваме, немаме намера да се оптеретуваме со еден или два меча. Се фокусираме исклучиво на нашата игра. Не се оптеретуваме премногу со противникот. Сакаме да играме фудбал, тоа е нашиот пристап. Работам со овој тим од март, нормално дека ќе смениме нешто, ќе направиме некакви измени, и ќе го направиме најдоброто за Летонија како тим во моментов“ – рече селекторот на Летонија.