Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, вели дека новиот тренер, Рубен Аморим, ќе донесе новитети во екипата.
„Најзначајно е како ќе се поврзе со играчите. Тој секогаш ги бранеше фудбалерите на прес-конференциите. Имаше млад тим и мораше тоа да го прави“ – потенцираше Фернандеш за новиот предводник на „црвените ѓаволи“.
Аморим дојде од екипата на Спортинг Лисабон. Тој на клупата на Јунајтед го замени Ерик тен Хаг.