Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Македонија ја победи Летонија за потврда на првата позиција во групата
    Фудбал

    Македонија ја победи Летонија за потврда на првата позиција во групата

    risteBy riste14/11/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалската репрезентација на Македонија ja победи Летонија со 1:0 и по пет одиграни натпревари  и официјално го обезбеди првото место во групата во Лигата на нациите.

    Нашите репрезентативци тешко дојдоа до победата и три бода од оваа средба која се одигра на Националната арена „Тодор Проески“, а клучниот момент се случи во 58.минута кога со голот на Никола Серафимов дојдовме до предност од 1:0 што беа доволни за заверување на лидерската позиција во групата 4. Со оваа победа Македонија влезе во серија која досега и се нема случено, а тоа е да врзе четири натпревари без примен гол.

    Македонија тргна со офанзивна формација, но првио проблем беше во 24.минута кога поради повреда играта ја напушти Елмас, а на негово место влезе Ќамили. И покрај неколку обиди кои ги имавме во првото полувреме не успеавме да постигнеме гол. На стартот на второто полувреме многу по офанзивна игра на Макеоднија , а тоа донесе резултат, по изведениот корнер Зајков од првата статив аја префрли топката на втората статива каде ја сочека Серафимов и ја смести во голот на Летонија.

    До крајот на натпреварот двајцата селектори направија многу измени , Милевски за да го сочуваме овој резултат, а селекторот на Летонија за да израмнат. Сепак тоа не онесе промена на резултатот и Макеоднија на крај славеше со 1:0.

    Македонија дојде на 13 бода во групата, Фарски Острови имаат шест, а Ерменија и Летонија по четири.

    Во недела од 15 часот Македонија ќе биде домаќин на Фарски Острови во последниот натпревар од оваа сезона на Лигата на нации.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.