Џамал Мусиала веројатно ќе го продолжи договорот со Баерн Минхен и ќе стане еден од најплатените фудбалери во клубот.
Според најавите, младиот напаѓач ќе ја продолжи соработката со Баварците до 2030 година и ќе заработува околу 22 милиони евра по сезона. Таа сума е двојно поголема од сегашната што ја добива.
Германскиот репрезентативец кој е производ на школата на баварскиот гигант, претходно изјави, дека неговата иднина ја гледа токму на стадионот – „Алијанц Арена“.

