Манчестер Јунајтед откако прекина да му плаќа на Сер Алекс Фергусон кој ја имаше улогата на Амбасадор на клубот, сега размислува да го намали буџетот наменет за одредена група на навивачи.
Станува збор за здружението во кое се активни лица со посебни потреби а се фанови на Манчестер Јунајтед.
Тоа е едно од првите формирано во Англија и во моментов добива 40.000 фунти годишно од касата на „црвените ѓаволи“.