Крилниот напаѓач на Наполи, Хвича Кварацелија, може да го напушти италијанскиот состав иако има договор до 2027 година.
Според медиумите на „Чизмата“, претставниците на Барселона стапиле во контакт со 23-годишниот фудбалер за да ги дознаат условите за евентуален трансфер.
Грузиецот во сезонава има 12 натпревари на кои постигна пет голови и направи две асистенции.

