Фудбалерот на Португалија, Кристијано Роналдо, призна дека не размислува да ја достигне границата од 1.000 голови во професионалната кариера.
„Да бидам искрен, не ни размислувам за бројката од 1.000 погодоци во мојата кариера. Се разбира, секогаш сакате да направите историја но, сега не се фокусирам на таков рекорд“ – потенцираше членот на екипата на Ал Наср која игра во шампионатот на Саудиска Арабија.
39-годишниот напаѓач досега има постигнато 910 голови во различни конкуренции вклучувајќи ги и настапите за селекцијата на Португалија.

