Селекторот на нашата најдобра фудбалската репрезентација, Благоја Милевски, потврди дека Елиф Елмас, нема да игра на утрешниот меч со Фарски Острови кој ќе биде последен во рамките на Лигата на нации.
„Фарски острови покажува во континутет добри партии, не само на последниот меч. Станува збор за силен состав, физички моќен и со многу агресивен пристап и многу трчање. Мислам дека ќе ни биде потешко отколку со Летонците“ – потенцираше Милевски.
„Иако е решена ситуацијата околу првото место, сакаме да обезбедиме големи 16 бодови и да бидеме уште поконкурентни за пласман на Светското првенство преку Лигата на нации. Мислам дека играчите се мотивирани и дека ќе го дадат максимумот. Тие и досега покажаа дека играат максимално посветено за репрезентацијата“ – рече меѓу другото Милевски.

