Младиот фудбалер на Барселона, Ламин Јамал, која ја лекува повредата на зглобот, можеби нема да биде на списокот за мечот со Селта закажан за 23 ноември во рамките на Примера Дивизион, велат последните најави од Шпанија.
Крилниот напаѓач на Каталонците се повреди на дуелот одигран во Белград против „црвено-белите“ во Лигата на шампионите и треба да паузира околу 2-3 недели.
17-годишното крило е во процес на рехабилитација а во наредните денови ќе биде одлучено дали ќе може воопшто да се појави на мечот во Виго.