Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, верува дека Килијан Мбапе набрзо ќе се врати во посакуваната форма. Фудбалерот на Реал Мадрид беше изоставен од списокот на „триколорите“ за ноемвриските натпревари.
„Тој е во тешка ситуација но, верувам дека ќе направи се што може да ја врати ефикасноста. Мбапе може да игра на различни позиции“ – вели Дешамп.
„Понекогаш работите не функционираат и тоа може да доведе дури и до депресија. Психолошката состојба е многу значајна“ – нагласи селекторот на „галските петли“.