Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, им соопштил на фудбалерите по мечот со Фарски острови дека се повлекува од функцијата.
Тој оставката ја доставил пред Управниот одбор кој вечерва одлучил да има Вонредно изборно собрание на 22 декември . Улогата на прв човек на ФФМ, времено ќе ја има потпретседателот, Лазар Ракиџиев.
Се претпоставува дека наследник на Сејдини ќе биде Масар Омерагиќ кој и претходно се појавуваше како кандидат за претседател на ФФМ.

