Завршниот АТП турнир ќе продолжи да се одржува во Италија до 2030 година, објави Здружението на тениски професионалци и Италијанската тениска федерација (ФИТП).
Одлуката се заснова на успешното одвивање на настанот во Торино, кој првично беше планиран да биде домаќин на завршниот турнир до 2025 година. Турнирот, засилен со присуството на локалниот миленик и светски рекет број 1, Јаник Синер, привлече над 183 илјади фанови оваа година, а билетите за сите 15 натпревари од 8-дневниот настан беа распродадени. Наградниот фонд достигна неверојатни 15,25 милиони долари.
Синер стана првиот Италијанец кој ја освоил титулата, откако во финалето го победи Американецот Тејлор Фриц со 6-4, 6-4.